Бадниковата традиција продолжува, испратена порака народот да се обедини
Денеска е Бадник, утре Божиќ. Православните христијани од Македонија празнуваат, го чекаат рождеството Христово. Во храмовите литургии. Централната прослава во Соборна – испратена порака да се негува традицијата, но и народот да се обедини. Верниците, пак, со желби за радост и за среќа, но и за подобро утре …

Се чествува Бадник. Во Соборниот храм литургија. Граѓаните празнично расположени. Меѓу подготовката на бадниковата трпеза, почитување на традицијата, во исчекување на радосната вест за Христовото раѓање.
Црквата повикува на почитување-нашиот живот да го сообразиме со Христовите заповеди.
33-та година скопските бадникари ги разделија бадниковите гранчиња. Поделија лепче, грејана ракија, чај. Старите кум и здравичар ги заменија новите-Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски. Посакаа здравје и остварување на желбите.
Масовната бадникова традиција продолжува. Поддршката сè поголема. Присутни и дел од скопските градоначалници.
Коледарските огнови изгаснаа. Коледарчињата ги наполнија своите торби со подароци, во очекување на Христовото раѓање.
Миле А. Ристески
