Куманово

Меѓу ракометот и фрескописот

07.01.2026 13:54

Светата икона е нераскинлив дел од христијанското семејство. Љубовта кон верата, традицијата, но и сликарството, го мотивира младиот ракометар Тасевски од Куманово, да изработува свети симболи.

Љубовта кон сликарството, но и желбата да ја зачува традицијата, го поттикнуваат младиот Влатко Тасевски од Куманово да изработува икони. Овој 34-годишен ракометар со изработката на светите симболи кои освен во храмовите, се повеќе ги има и во домовите, започнал да се занимава уште од рана возраст. Занаетот го изучувал сам. За да се изработи квалитетно дело, вели потребно е време и трпение. Работи на традиционален канонски начин со јајчана темпера, на дрво и природни материјали.

„Во зависност од иконата, димензијата и големината понекогаш неколку денови, понекогаш или неколку недели е потребно да се изработи една икона, меѓутоа иконата никогаш не се брза, потребно е доста време доста тишина, мир, за да се изработи една икона“, истакна тој.

Тасевски укажува дека се повеќе граѓани купуваат свети симболи. Се бараат и за домашните слави, но и пред и по празниците.

„Сега преку социјалните мрежи информациите стигаат многу побрзо до сите, има заинтересирани да доста и од Куманово и од целата Македонија а секако и надвор, имам интернационални изработувам за секаде“, дополни тој.

Освен икони, слика и портрети. Појаснува класичното сликарство е послободно. Кај иконописот мора да се придржува до традицијата, пропорцијата на светците, боите. 

 

Елена Георгиевска