Собрание

Претседателот на Собранието упати честитка по повод празникот Божик

07.01.2026 10:04

Претседателот на Собранието Африм Гаши по повод празникот Божик упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.

Претседателот на Собранието, на Република Северна Македонија Африм Гаши по повод празникот Божик упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.

-По повод православниот Божик, Собранието упатува искрени честитки до сите граѓани кои го одбележуваат овој празник. Овој ден претставува можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија, како темелни вредности врз кои се гради институционалната и демократската стабилност на државата, се наведува во честитката.