Македонија

Бугарскиот став го редефинира македонскиот идентитет

07.01.2026 13:30

Не е Бугарите во Уставот единственото барања на Софија, туку и комплетното редефинирање на македонскиот идентитет-вели премиерот. Во коментарот на формулацијата „достапен јазик“ наместо македонски што ја употреби бугарското МНР, Мицкоски изјави како народ ќе сфатиме дека без оглед дали сме власт или опозиција, за некои прашања мора да бидеме заедно. Упати апел до опозицијата подадена е раката да застане во одбрана на националните интереси.

Не е изненаден од бугарската формулација „достапен јазик“ за македонскиот јазик. Премиерот Мицкоски вели тоа е само уште една потврда дека зад барањето за уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, стои обидот за комплетно редефинирање на македонскиот идентитет.

Во деновите на простување, сплотување и обединување конечно сите заедно и власт и опозиција ќе сфатиме дека за вакви прашања треба да сме заедно, додаде Мицкоски жалејќи како што рече што претходната власт воопшто го прифатила тој предлог

Претходно премиерот Мицкоски посочи дека Акцискиот план за малцинствата подготвен од експерти од Брисел им го доставил ден претходно на бугарските власти, согласно советите од таму како знак на добра волја.

Го доставивме на македонски јазик, бидејќи друг немаме додаде Мицкоски, откако бугарското МНР со реакција изрази загриженост поради отстапувањата на Скопје од европскиот консензус од 2022 година. Посочувајќи ја изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, дека на Бугарија ѝ пречело тоа што на македонски јазик е Акцискиот план за малцинства, испратен до Софија.

Фиљана Кока