Иран

Демонстрантите во Иран ја презедоа контролата врз два града

07.01.2026 17:39

Протестите во Иран, предизвикани од инфлацијата и последиците од војната со Израел, се проширија во 27 од 31 провинција. Во судирите со владините сили загинаа 35 лица, а над 1.200 се приведени.

Демонстрантите во Иран ја презедоа контролата врз два града во покраината Илам, која се граничи со Ирак, објавија светските агенции. Иранска новинска агенција пак тврди дека протестот бил задушен откако безбедносните сили употребиле солзавец.

Протестите во Иран, предизвикани од инфлацијата и последиците од војната со Израел, се проширија во 27 од 31 провинција. Во судирите со владините сили загинаа 35 лица, а над 1.200 се приведени. Врховниот командант на иранската армија, ги обвини САД и Израел за мешање во внатрешните работи на земјата.

Претходно, американскиот претседател Трамп изрази подготвеност да употреби воена сила во случај на насилно задушување на протестите.