Клуч на врата за трговците кои го изиграа законот
Граѓаните се жалат дека цените и пред и за време на празниците беа високи на голем дел од производите. Доколку сопствениците на маркетите продолжуваат да го изигруваат законот за нефер трговски практики ќе се соочат со казни или со клуч на врата, порача премиерот. Најави зачестени контроли и измени во законот за повисоки и казни.

Засилени контроли и клуч на врата на сите маркети кои го изиграат законот со нефер трговски практики, најавува владата. Со законски корекции и построги казни ќе се стега обрачот околу трговците кои си поигруваат со стандардот на граѓаните преку раст на цените.
Економските се согласни со најавите за засилени контроли и затворање на објектите кои практикуваат нефер ценовни политики, само така надлежните ќе докажат дека законот се спроведува за да се заштитат граѓаните. Ваквите практики датираат од времето на ковидот, цените се покачуваа вештачки со акцент на основните прехранбени продукти. Потребни се длабоки реформи, особено во даночната политика-за МТВ вели аналитичарот Абил Бауш.
За време на новогодишните празници цените беа покачени, празничната трпеза поскапа, владата најавува инфлацијата ќе се стабилизира, во 2026 ќе се движи околу четири проценти.
Александра Спировска
