Влада
Мицкоски на пуштање на градинка во Општина Гевгелија
08.01.2026 09:12
Потоа премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ чија изградба чинеше 56 милиони денари, во Општина Гевгелија.
Потоа премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари.
Како што најавија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе изврши увид и во градежни работи за изградба на нов парк со детско катче со површина од 3.150 м2, каде што по завршување на активностите предвидено е да даде изјава за медиуми.
