Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции
Украинскиот претседател истакна дека е потребен поголем притисок од САД, во момент кога Москва продолжува со воздушни напади врз градовите и енергетската инфраструктура...

Зеленски побара нова средба со Трамп, откако претставници на Вашингтон и Киев повторно разговараа за најспорните прашања во планот за завршување на војната.
Украинскиот претседател истакна дека е потребен поголем притисок од САД, во момент кога Москва продолжува со воздушни напади врз градовите и енергетската инфраструктура. За време на церемонијата за старт на шест-месечното претседателство на Кипар со Европскиот совет, Зеленски рече дека мировните преговори достигнале ново ниво.
„Мировните преговори достигнаа ново ниво на интензитет. Работиме многу активно, Украина, нашите европски партнери, секако САД и сите членови на „Коалицијата на подготвените“, од Канада до Јапонија, од ЕУ до Австралија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Украина, Велика Британија и Франција потпишаа декларација во која се нагласува распоредувањето меѓународни трупи во случај на мировен договор.
