Протестите во Иран продолжуваат, има мртви и ранети, илјадници се уапсени
Демонстрациите во Иран продолжуваат. На 310 локации во 28 од 31 провинција во Иран граѓаните масовно излегуваат на улиците секој ден од 28 декември...

Демонстрациите во Иран продолжуваат. На 310 локации во 28 од 31 провинција во Иран граѓаните масовно излегуваат на улиците секој ден од 28 декември.
Новинската агенција „Активисти за човекови права“ со седиште во САД објави дека во судирите со властите загинале 36 лица. Меѓу жртвите се 30 демонстранти, четири деца и двајца припадници на иранските безбедносни сили.
Врховниот командант на иранската армија, ги обвини САД и Израел за мешање во внатрешните работи на земјата. Претходно, американскиот претседател Трамп изрази подготвеност да употреби воена сила во случај на насилно задушување на протестите.
