САД

Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендира поддршката на САД за 66 организации, агенции и комисии

08.01.2026 19:14

Државниот секретар на САД, Рубио, вели дека Вашингтон се повлекува од „антиамерикански, бескорисни и расипнички меѓународни организации“...

Претседателот Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендира поддршката на САД за 66 организации, агенции и комисии, по прегледот на неговата администрација за учеството и финансирањето на сите меѓународни организации, вклучувајќи ги и оние поврзани со Обединетите нации. Државниот секретар на САД, Рубио, вели дека Вашингтон се повлекува од „антиамерикански, бескорисни и расипнички меѓународни организации“.

Администрацијата на Трамп веќе го објави своето повлекување од Светската здравствена организација и од УНЕСКО.