Протести откако агент на Федералната служба за имиграција смртно застрела жена во Минеаполис
Расте револтот во САД откако агент на Федералната служба за имиграција и царина смртно застрела жена во Минеаполис, која со возилото ја попречуваше работата на службениците...

Расте револтот во САД откако агент на Федералната служба за имиграција и царина смртно застрела жена во Минеаполис, која со возилото ја попречуваше работата на службениците. Револтирани граѓани се собраа брзо по убиството и почнаа со протест. Федералните власти го оценија пукањето како чин на самоодбрана, но градоначалникот на градот го опиша како неодговорно и непотребно.
„Во моментов кружат многу информации и ние колективно ќе направиме се што е можно за да се добие правда и да се осигураме дека истрагата е спроведена во целост. Но, она што го знаеме е дека 37-годишна жена е мртва и дека била застрелана. Тие веќе се обидуваат да го претстават ова како акција на самоодбрана. Откако го видов видеото, сакам директно да им кажам на сите. Тоа се глупости“, изјави Џејкоб Фреј, градоначалник на Минеаполис.
На социјалните мрежи има повици за протести во повеќе американски градови, меѓу кои и во Њујорк.
