Европа

Бурата Горети донесе дожд и снег во Европа

08.01.2026 14:18

Снег и изобилни врнежи од дожд во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово. Најкритично е во пристанишниот град Драч, каде што водата поплави над 800 домови, принудувајќи итна евакуација на 180 лица.

Поплави и снежно невреме има и во регионот. Снег и изобилни врнежи од дожд во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово. Најкритично е во пристанишниот град Драч, каде што водата поплави над 800 домови, принудувајќи итна евакуација на 180 лица.

На Косово беа поплавени домовите на жителите на Гњилане и Малишево, поради што беа евакуирани дестици жители. Западна Европа, пак, се соочува со бурата „Горети“ која носи снег и мраз. Повеќе летови се откажани, железничките услуги прекинати, а патиштата блокирани.

На удар Франција, Италија, Холандија, Белгија, Полска, Романија. Зимските услови ги зедоа и првите жртви.