Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево и Охрид
Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар...

Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар.
Снег има и во Крива Паланка, каде висината на покривката изнесува 2 сантиметри.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат со 52 Охрид, 48 Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, 12 Скопје-Петровец, Пожар-Радовиш, 8 Кавадарци, 6 Демир Капија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Куманово се измерени – 3 степени, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Маврови Анови, -1, Крива Паланка, Штип, Велес и Крушево, 0, Тетово, Охрид и Виница 1, Претор и Кавадарци, 2, Демир Капија, 3, Прилеп и Берово, 4, Битола и Струмица, 5, Гевгелија, 7.
