Народна банка
Девизните резерви во декември лани повисоки за 63,1 милион евра во однос на ноември
08.01.2026 17:05
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност...

На крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 63,1 милион евра, информира Народната банка
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2%), по што следуваат монетарното злато (16,5%) и валутите и депозитите (9,3%).
