МВР

Претрес во пехчевско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

08.01.2026 15:21

Вчера во 09:40 часот во с. Црник, пехчевско, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода У.А.(25) од село Црник...

Вчера во 09:40 часот во с. Црник, пехчевско, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода У.А.(25) од село Црник, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.