Премиерот Мицкоски иницира лидерска средба со партиите за реформски закони
Мицкоски иницира лидерска средба со партиите за реформски закони и укинување на техничката влада...

Премиерот Мицкоски иницира лидерска средба со партиите за реформски закони и укинување на техничката влада, бара консензус пред изборите.
Теми на дискусија ќе бидат изборот на народен правобранител и реформските закони поврзани со напредокот на земјата кон Европската унија, нагласувајќи дека за овие прашања не постојат дијаметрално спротивставени ставови и укинувањето на техничката влада што се формира 100 дена пред парламентарни избори.
Според неговите најави се очекува средбата да се одржи во наредните седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Премиерот очекува сите лидери да ја прифатат поканата, а дневниот ред според најавите би може да се прошири со предлози од другите партии.
