Битола

Поројни дождови, излевање на водотеците

08.01.2026 13:16

Зголемено нивото и на акумулацијата Стрежево. Утрово Кризниот штаб на состанок. Жители на битолско Кравари ноќта ја поминаа во спасување на покуќнината...

Поплавени куќи, подруми, улици, обработливо земјиште – ноќеска битолските комунални претпријатија со бројни интервенции по обилните врнежи во пелагонискиот регион. Зголемено нивото и на акумулацијата Стрежево. Утрово Кризниот штаб на состанок. Жители на битолско Кравари ноќта ја поминаа во спасување на покуќнината. Каква е моменталната состојбата во Битола и околните места, кои се приоритетите на надлежните служби, какви мерки се утврдени. 
 
Известува Ружица Ѓоршевска.