Земјоделство

За есенските посеви потребен е снег, а не дожд

08.01.2026 17:44

Обилните дождови, уште од доцната есен прават проблеми за есенските посеви. Тие влијаеја 30 насто од површините да останат за напролет. Сега е потребен снег за посевите…

Дождовите сега не се многу пожелни за есенските посеви, посебно на лебното жито. Земјоделците посакуваат снег како заштита на посевите кои се во вегетација.

Климатските промени, посебно дождовите, за 30 насто ја оневозможија есенската сеидба. Тоа ќе влијае на родот.

Според агрономите неизвесноста останува за тоа какво производство ќе имаме годинава. Многу ќе зависи од пролетната клима.

Климата стана главен фактор во земјоделското производство.

Елизабета Митреска