УХМР

Драстичен пад на температурите

08.01.2026 15:35

УХМР со жолт метеоаларм за силен ветер и обилни врнежи од дожд во речиси целата држава. Предупредувајќи на нестабилни и опасни временски услови во наредните денови.

Пристигна зимата низ цела Македонија: најстудено на Попова Шапка, со снежна покривка од 31 сантиметар. Граѓаните се разбудија со температури под нулата и снежни наноси. Изобилни дождови предизвикаа поплави, одрони и евакуации во Кичево, Охрид и Гостивар. ЦУК и службите интервенираат на терен. Многу студено до минус девет степени и утре, најавуваат од УХМР.

Високи се водостоите на сите реки во земјава. Хидролози предупредуваат, најкритично е во западните делови каде паднаа најголеми количества дожд од 55 литри на квадратен метар.

Од Македонија пат апелираат на внимателно возење поради одрони во некои клисури.

На планините ќе се формира нова снежна покривка. Во петок стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат поизобилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

Александра Спировска