Инфлацијата за декември 2025 изнесува 0,4 %
Индексот на трошоци на живот во минатата година, споредбено со 2024-та бележи пораст од 4,1%, покажуваат последните податоци на Државната статистика. Декември вообичаено го празни џебот на граѓаните, а според статистика, инфлацијата минатиот месец споредбено со ноември, изнесува 0,4%...

Живејачката на годишно ниво за 2025 поскапа за 4,1%, а цените на мало пораснале за 3,6%, измери Државната статистика. Инфлацијата, пак, во декември лани, во однос на ноември 2025 е повисока за 0,4%.
Лани, најмногу поскапел транспорт за 5,8%, потоа рекреација и култура за 0,8%, здравје за 0,7%, мебел, и одржување на домаќинствата за 0.5%, ресторани и хотели за 0.4%.
Во декември 2025 година, во однос на ноември истата година, намалување на трошоците на животот е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци за 0.4% и кај облеката и обувките за 0.2%.
Граѓаните велат дека го чувствуваат ова поскапување.
Од Владата најавија засилени инспекциски контроли и законски измени со повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Од Владата кажаа дека инфлацијата ќе се стабилизира.
Засилени контроли и клуч на врата на сите маркети кои го изиграа законот со нефер трговски практики, најави владата. Со законски корекции и строги казни ќе се стега обрачот околу трговците кои ставаат цени од ракав, со што се удира врз стандардот на граѓаните.
Борис Грујоски
