Камерите на „Безбеден град“ ќе ги снимаат и странските таблички
Стотици странски семејства ја користат земјава за транзит во летниот период. Но, патот до посакуваната дестинација нема да толерира и опуштено возење, бидејќи камерите на системот „Безбеден град“ наскоро ќе ги снимаат и странските таблички...

Со куфери во багажникот и навигација подесена кон Егејот, стотици странски семејства ја користат земјава за транзит во летниот период. Но, патот до посакуваната дестинација нема да толерира и опуштено возење, бидејќи камерите на системот „Безбеден град“ наскоро ќе ги снимаат и странските таблички, велат од МВР, а казните ќе стигнуваат независно кој е зад воланот. За странците ќе важат истите услови. Ако сакаат преполовена казна, треба да ја платат во рок од 8 дена.
Засега „Сејф сити“ е имплементиран во Скопје, Тетово и Куманово. Граѓаните очекуваат дека новината за детекција на прекршоци ќе го намали бројот на сообраќајни несреќи.
Камерите регистрираат четири видови на прекршоци – непрописно паркирање, поминување на црвено, брзо возење и нерегистрирано возило.
Анита Димитријевска – Велковска
