Во Битола поројни дождови - поплавени подруми, обработливо земјиште, покуќнина
Поплавени подруми, гаражи, уништена покуќнина. Поројните врнежи од дожд кои го зафатија и Пелагонискиот регион, ги принудија жителите на Кравари и на Жабени божикната вечер да ја поминат во гумени чизми со лопати и канти црпејќи ја насобраната вода. Сметаат дека за трајно решение во овој регион, неизбежни се системски промени...

Поради насобраната вода и кал дел од жителите со неможност да функционираат и денеска.
Во Пелагонискиот регион, и големи површини посеани со житни култури останаа под вода.
Освен за зголемени водотеци во речните корита, обилните врнежи придонесоа и за двојно зголемување на вода во акумулацијата „Стрежево“.
Според УХМР во Битолскиот регион во вечерните часови се очекуваат врнежи од снег и од дожд. Екипите на јавните претпријатија и натаму остануваат на терен, а мештаните очекуваат можност за обештетување на штетите.
Ружица Ѓоршевска
