Утрово најстудено на Попова Шапка со -11 степени
Во државата беа измерени ниски температури, при што најстудено беше на Попова Шапка со -11 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)...

Утрово во државата беа измерени ниски температури, при што најстудено беше на Попова Шапка со-11 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температури под-8 степени се забележани и во Куманово (-9), како и во Скопје-Петровец, Берово и Крива Паланка, каде се измерени-8 степени.
Во Тетово, Демир Капија и Маврови Анови температурата изутрина изнесуваше-7 степени, додека-6 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци и Крушево. Прилеп измери-5, Гевгелија и Претор-3, додека во Охрид и Битола утринската температура беше-2 степени.
Во изминатите 24 часа до 7 часот изутрина, најголеми количини на наврнат воден талог се регистрирани во Охрид (5 l/m2), Маврови Анови (3 l/m2), како и во Тетово, Демир Капија и Пожар (по 2 l/m2). Еден литар по квадратен метар се измерени во Крива Паланка и Крушево. Снежна покривка од 1 сантиметар е измерена само во Крива Паланка.
