Протести во знак на солидарност со жртвата во Минеаполис
Протестите се проширија во повеќе градови...

Расте револтот во САД откако агент на Федералната служба за имиграција и царина смртно застрела жена во Минеаполис, која со возилото ја попречуваше работата на службениците. Протестите се проширија во повеќе градови.
„Ова беше убиство, едноставно ладнокрвно убиство. Некој може да каже „па, таа требаше да почитува законска наредба“, но тоа не е така-непочитувањето на законска наредба не е смртна казна“, изјави Кристен Хардин-Сиглер, локална жителка.
Бирото за криминални истраги на сојузната држава Минесота соопшти дека се повлекува од истрагата за агент, откако Федералното истражно биро и министерството за правда на сад ја прекинале соработката во случајот. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за причините поради кои федералните институции ја прекинале соработката, ниту за понатамошниот тек на постапката.
