Продолжуваат масовните протести во Техеран, 45 убиени
Граѓаните ги повикуваат властите да ги слушнат нивните барања и да најдат решенија за економските проблеми во земјата...

Демонстрациите во Иран продолжуваат. Граѓаните кои протестираат против зголемувањето на цените и намалувањето на куповната моќ, ги проширија жестоките протести од Техеран и во другите градови. Најмалку 45 демонстранти, меѓу кои и осум малолетници, се убиени во немирите, уапсени се над 2.000 лица. Граѓаните ги повикуваат властите да ги слушнат нивните барања и да најдат решенија за економските проблеми во земјата.
„Протестирам против високите трошоци за живот. Овој протест против зголемувањето на цените има за цел да ги натера властите да направат нешто за народот од Иран, да се справат со ситуацијата и да го направат животот подостапен. Не сакам да живееме под економски притисок“.
„Погледнете го овој пазар – ниедна од продавниците нема купувачи. Зошто? Затоа што луѓето немаат пари. Како може некој да купи нешто сега? Се срамам пред сопругата и децата. Едвај преживуваме“.
Врховниот командант на иранската армија, ги обвини САД и Израел за мешање во внатрешните работи на земјата. Американскиот претседател Трамп изрази подготвеност да употреби воена сила во случај на насилно задушување на протестите.
