Сирија

Прогласен прекин на огнот по судирите во Алепо

09.01.2026 15:53

Засега нема непосредна реакција од курдската страна на објавата. Борбите во Алепо избувнаа во вторникот поради застојот во разговорите меѓу владата и курдските власти...

Сириското Министерство за одбрана прогласи прекин на огнот во Алепо, по неколкудневните жестоки судири меѓу силите предводени од курдите и владините трупи. Засега нема непосредна реакција од курдската страна на објавата. Борбите во Алепо избувнаа во вторникот поради застојот во разговорите меѓу владата и курдските власти.

Оттогаш се убиени најмалку 12 цивили. Загинаа и четворица припадници на владините сили и еден курдски борец, а над 60 се повредени.