Украина

Во најновиот руски масовен напад, неколку лица се убиени и ранети во Киев

09.01.2026 14:49

Западната команда на украинските воздухопловни сили соопшти дека руските сили извршиле напад врз Лавов со употреба на неидентификувана балистичка ракета. Русија утринава потврди дека употребила ракета со среден дострел „Орешник“...

Неколку лица се убиени и ранети во Киев во најновиот руски масовен напад со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта. Во нападот е погодена критична инфраструктура, а некои делови од градот се без струја и вода.

Западната команда на украинските воздухопловни сили соопшти дека руските сили извршиле напад врз Лавов со употреба на неидентификувана балистичка ракета. Русија утринава потврди дека употребила ракета со среден дострел „Орешник“ во нападот врз западна Украина, објавија руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, што е втор напад врз Украина со ова оружје.

„Се криевме во ходник и слушнавме звук на дрон како лета сè поблиску. Потоа се слушна експлозија. Прозорците беа откорнати од нивните рамки. Но, фала му на бога, преживеавме. Пожарникарите и медицинските лица беа на средина од патот, а таму загина болничар“, изјави Људмила Кузнецова – жителка на Киев.