Реал Мадрид се избори за финале во Супер купот против Барселона

09.01.2026 11:15

Најзаслужен за победата на Реал е Валверде, кој во 2. минута донесе водство за својот тим, а во 55. минута му асистираше на Родриго за 2:0. Атлетико намали на 2:1 во 58.минута преку Александар Сорлот.

Фудбалерите на Реал Мадрид се изборија за финале во шпанскиот Супер куп откако синоќа во второто полуфинале го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:1. На тој начин тие се изборија за финалето против Барселона кое ќе се игра на 11.јануари во недела. Каталонците претходниот ден убедливо со 5:0 го совладаа Атлетик Билбао.

Најзаслужен за победата на Реал е Валверде, кој во 2. минута донесе водство за својот тим, а во 55. минута му асистираше на Родриго за 2:0. Атлетико намали на 2:1 во 58.минута преку Александар Сорлот.

До крајот на натпреварот Атлетико имаше неколку шанси, но не успеа да го изедначи резултатот.

 

Фото/ Извор: МИА