Леброн Џејмс може да остане без индивидуална награда сезонава
На почетокот од сезоната Леброн не беше во тимот на 14 натпревари поради проблеми со ’рбетниот столб.

За првпат во својата кариера легендата на НБА лигата Леброн Џејмс може да остане без индивидуално признание. Тоа ќе се случи доколку пропушти уште само еден натпревар.
Според регулативите за еден играч да биде во конкуренција за индивидуална награда мора да одигра 65 натпревари од 82. Леброн Џејмс го „пропушти“ дуелот со Сан Антонио и веќе има 17 „отсуства“, а тоа значи дека ќе мора да игра на сите натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.
На почетокот од сезоната Леброн не беше во тимот на 14 натпревари поради проблеми со ’рбетниот столб.
Во својата кариера барем еднаш секоја сезона имал некое признание, а ланската сезона ја заврши откако беше дел од вториот најдобар тим на лигата.
