Голем број пријави за насилство за време на празниците
Разбојништва, насисилство, караници. За едни новогодишните празници биле забава за други вознемиреност. МВР констатира голем број на пријави за време на празниците...

Додека едни се веселеле и уживале други биле вознемирувани и напаѓани. Само во главниот град за време на новогодишните и божиќните празници биле констатирани нарушувања на јавниот ред и мир, во 12 случаи се работело за физички напад на лице, во 11 други за тепачки - велат од МВР.
А во билтенот на МВР од физички напади врз партнерките до улични разбојништва. Жена си го претепала мажот, дедо повредил внук со остар предмет, на дваесет и двегодишно момче при физички напад на паркинг му бил одземен часовникот, се само дел од дневните настани забележани во билтенот на МВР. Психолозите имаат свои видувања зошто насилство наместо убави празнични мигови.
Ова не е случај само кај нас предупредува нашата соговорничка, за жал во целиот свет се повеќе насилството е начин на комуникација. Апелира институциите и блиските во семејствата секојдневно да превенираат пред да се случат немилите настани.
Фиљана Кока
