Фондот за здравство потпиша договор за молекуларни анализи со ПМФ
Фондот за здравство потпиша договор потпиша договор со Природно – математичкиот факултет. Во Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика ќе се прават напредни анализи што ќе им помогнат на онколошките пациенти, но, ќе се испитува и геномот на ембрионот за ин витро.

Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе започне со изведување на напредни молекуларно-дијагностички анализи. Со овие анализи ќе се овозможи прецизно и навремено детектирање на генетски мутации, клучни за изборот на целна онколошка терапија, следење на текот на болеста, прогнозата и други релевантни клинички параметри.
Најава и за испитување на генетско испитување на клетки од ембрионот за ин витро оплодување кој досега не се правеше во Македонија.
Со договор ќе се извршуваат ваквите анализи, кои досега се работеа на Медицинскиот факултет и во МАНУ. За таа намена наскоро ќе биде објавен тендер за набавка на материјали, за да не се доведат во состојба да почне процедурата, а за некои пациенти да има недостиг.
Игор Панов
