Цените во угостителството во декември без месечни промени, годишен раст од 3,5 проценти
Во споредба со декември 2024 година, цените се зголемени за 3,5 проценти.

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година останале на исто ниво како и во ноември, без месечни промени, покажуваат најновите податоци за индексот на цените во угостителството, објави Државниот завод за статистика.
Во споредба со декември 2024 година, цените се зголемени за 3,5 проценти. На годишно ниво, односно во периодот јануари–декември 2025 година, растот на цените изнесува 4,8 проценти во однос на истиот период лани, додека во споредба со декември 2024 година зголемувањето е 2,3 проценти.
Според структурата на услугите, цените кај групите храна, алкохолни пијалаци, безалкохолни пијалаци и ноќевања во декември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец.
