Македонија

Обвинителката Ленче Ристоска бара јавно извинување од премиерот Мицкоски

09.01.2026 15:28

Таа реагираше на изјавите на шефот на Владата кој зборуваше за „медиокритети“ во судско – обвинителската фела, а за кои Ристоска смета дека се однесуваат на неа...

Обвинителката Ленче Ристоска бара премиерот Мицкоски да ѝ се извини поради навреди изнесени во интервју. Таа реагираше на изјавите на шефот на Владата кој зборуваше за „медиокритети“ во судско – обвинителската фела, а за кои Ристоска смета дека се однесуваат на неа. За ова обвинителката го известила Советот на јавните обвинители кој ќе ја разгледува претставката за да утврди што се случило.

Од Владата, пак, велат дека премиерот во интервјуто не го спомнал нејзиното име, па оттука не им е нејасно зошто Ристоска се препознала во изјавата на премиерот.

Ристоска е обвинителка која беше дел од поранешното СЈО и ги застапуваше случаите „Талир“ против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Конфликтот меѓу обвинителката и премиерот се продлабочи кога Владата ја поништи листата за кандидати за судија во Стразбур, на која листа беше и Ристоска.