Денеска гласаат болните и затворениците во четири општини каде што повторно се избира градоначалник
Изборен молк, пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Ќе трае до завршување на гласањето, во 19 часот...

Изборен молк, пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Ќе трае до завршување на гласањето, во 19 часот. Денеска гласаат болните и изнемоштените и лицата во затвор и во притвор.
Во Гостивар за гласање се пријавени 146 болни и изнемоштени лица и 81 лице во затвор или во притвор. Во Маврово-Ростуше има 69 болни и двајца во затвор, во Врапчиште 32-ца болни и немоќни и 11 во затвор или во притвор, додека во центар жупа за гласање се пријавени само двајца болни и немоќни. Во четирите општини има вкупно 7 пријавени кандидати. Во Центар Жупа само еден кандидат за градоначалник.
Овој пат не е потребна излезност од една третина на гласачите, туку за да се избере градоначалник, треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи.
