Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе преминат во снег насекаде
Времето денеска ќе биде променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.

Времето денеска ќе биде променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
