ИН МЕМОРИАМ

Почина Александар Мижимаков, долгогодишен снимател во МРТ

10.01.2026 11:06

За време на својата кариера работеше со сите редакции на МРТ, од информативна до документарна и играна програма...

Ненадејно, на 48-годишна возраст почина долгогодишниот снимател на МРТ, Александар Мижимаков. За време на својата кариера работеше со сите редакции на МРТ, од информативна до документарна и играна програма.

Мижимаков студираше филмска камера во Софија и работеше на неколку надворешни проекти надвор од МРТ. Зад себе остави сопруга и три деца. Погребот ќе биде во наредниве неколку дена во Скопје.