ЦУК: Врнежите причина за поплави, одрони и затворени патишта во дел од државата
Од Центарот за управување со кризи со вонредна информација за обилните врнежи на територијата на државата. Надлежните на терен, речните корита се расчистуваат со механизација...

Од Центарот за управување со кризи со вонредна информација за обилните врнежи на територијата на државата. Надлежните на терен, речните корита се расчистуваат со механизација.
На повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони. Македонија пат интервенира за нивно расчистување. Во повеќе села во битолско и во Ресен има поплавени земјоделски површини, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање јаболка.
Поради поројните врнежи, водата за пиење во Крушево е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути, информираат од Центарот управување со кризи.
