АМСМ

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Мавровска крстосница-Маврово-Дебар поради врнежи од снег

10.01.2026 14:49

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Од 14.10 час. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Мавровска крстосница-Маврово-Дебар поради врнежи од снег...

Од 14.10 час. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Мавровска крстосница-Маврово-Дебар поради врнежи од снег. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег кој се задржува на коловоз се бележат од влез на с. Свињишта до превојот Буково и од с. Врбјани до превојот Пресека, екипите на Македонија Пат се на терен и се преземаат мерки за чистење на снегот. На патниот правец Струга-Кафасан и превој Стража се бележат слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловоз додека на патниот правец Дебар-Маврово врнежи од дожд.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.