СТРУМИЦА

Конзервација на фрескоживопис од 13 век, пронајден кај струмичко Банско

10.01.2026 18:11

Во струмичкиот Завод и музеј се конзервира фрескоживопис откриен во црква која потекнува од 13 век. Пронајдени се околу 3.000 фрагменти кои се обработуваат и наскоро се очекува да бидат изложени пред пошироката јавност …

Тим од стручни лица работат на конзервација на фрескоживописот од црквата на локалитетот „Мал Кајаси“ откриена над струмичкото село Банско на планината Беласица. Се обработуваат повеќе од 3000 фрагменти кои се откриени во црквата која потекнува од 13-14 век, а најверојатно посветена на Успението на Пресвета Богородица.

Црквата била дел од комплексно утврдување. Откриена е во 2017-та и се наоѓа на околу 550 метри надморска височина над селото Банско. Била користена за духовните потреби на жителите, а е потврда за средновековното сликарство.

Конзервацијата на фрескоживописот на во црквата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и по завршување на целиот процес сите фрески од 13 и 14 век ќе бидат изложени пред пошироката јавноста.

Ване Трајков