Штип

2026-та ќе биде година на силен развој на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

10.01.2026 19:26

2026-та година за УГД ќе биде рекордна по обемот на инвестиции, со над 750.000 евра вложувања во лабораториска и научно-истражувачка инфраструктура. Ќе се отвори универзитетски стартап и иновациски центар. Фокусот и годинава ќе биде на интеграција на универзитетот во европскиот образовен простор.

2026 година за УГД ќе биде рекордна по обемот на инвестиции, со над 750.000 евра вложувања во лабораториска и научно-истражувачка инфраструктура. Ќе се отвори универзитетски стартап и иновациски центар. Фокусот и годинава ќе биде на интеграција на универзитетот во европскиот образовен простор.

Над 750 илјади евра УГД годинава ќе вложи во подобрување на условите за учење, истражување и примена на знаењата. Студентите ќе имаат институционална и менторска поддршка да ги комерцијализираат своите идеи

Универзитетот „Гоце Делчев“ со уште осум европски универзитети е дел од Европска универзитетска алијанса и е значаен чинител во европскиот наставно научен и образовен простор

Учеството во алијансата за студентите на УГД ќе значи мобилност и стекнување европска диплома, а за професорите соработка во научните проекти со европските колеги.

УГД и годинава најавува силна соработката со сите чинители на општествено економската сфера на локално, национално ниво и на европски план.

Славица Величковска