Меѓународната заедница со осуда за последниот руски напад врз Украина
Војната во Украина продолжува. Меѓународната заедница со осуда за последниот руски напад врз земјата во кој беше употребена балистичката ракета со среден дострел „Орешник“. Латвија побара состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации...

Војната во Украина продолжува. Меѓународната заедница со осуда за последниот руски напад врз земјата во кој беше употребена балистичката ракета со среден дострел „Орешник“. Латвија побара состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации.
Во екот на дипломатските преговори за мир во Украина, Велика Британија соопшти дека обезбедува 200 милиони фунти за финансирање на подготовките за евентуално распоредување на војници во Украина во случај на прекин на огнот.
Американскиот шеф на државата е оптимист во врска со запирањето на руската агресија. На прашањето дали би размислил да го стори истото во Русија што го стори во Венецуела со претседателот Мадуро, Трамп рече дека не мисли оти апсењето на Путин „би било потребно“.
