Сторија

Куба под закани од САД, земјата во криза

10.01.2026 17:18

И Куба мета на закани од заканите на САД. Навидум веселите и разиграни Кубанци, поради бедата со купони купуваат леб, а покрај огромната бројка на високо стручни лекари во земјата, во аптеките нема лек, ни за лек. Како турист ќе уживате низ улиците на Хавана, но тоа не го може повеќе од пола кубанска нација, етнички и верски мешана...

Земјата на Че Гевара, Фидел Кастро, на олдтајмери како од фабрика, пура од најквалитетен тутун и рум од природни состојки е исправена пред заканите на САД дека „земјата е на конец“.

Хаванското капитолио сведочи за горделивоста на кубанските власти и ставот дека американскиот Капитол Хил е со минорно значење за нив. Навидум веселите и разиграни Кубанци поради бедата со купони купуваат леб, а покрај огромната бројка на високо стручни лекари во земјата, во аптеките нема лек ни за лек. Како турист ќе уживате низ улиците на Хавана, но тоа не го може повеќе од пола кубанска нација, етнички и верски мешана.

„Во нашата земја има католици и афроамериканци. Дел од нив сè уште веруваат дека принесувајќи жртва овде во реката, се поблиску до бога“, туристички водич.

Од другата страна на брегот Варадеро местото на егзотика, гламур и најубавите коктели од рум.

„Ментол, мраз, хавански рум и така уште малку и готов е“, бармен

Патем ќе ги сретнете најголемите термоцентрали, и рафинериите што ја преработуваат нафтата главно од Венецуела која до 2023 доставувала од 55.000 до 90 илјади барели, а сега само 9.500. По падот на Мадуро се стравува од колапс на енергетскиот систем и на онака слабата економија во земјата. Просечната плата во државната служба е помала од дваесет долари, а еден литар млеко чини околу три американски долари, половина килограм бел леб околу еден долар, килограм ориз 2 долари, десетина јајца четири долари. Надежта е присутна во фармите во долината Вињалес каде се произведуваат рачно најквалитетните пури.

„Секоја пура се изработува, вака, рачно, на крајот се витка во последниот лист и потоа се засекува. Овде пурите се ставаат во мед за да не ги оштетуваат усните на консуматорите“, вели производител на пури.

Аналитичарите сметаат дека Куба е пред голем предизвик.

„Куба последниот период преживеа шест кризи, економски финансиски и социјални. Се соочи и институционална криза во владеењето на власта. Единствено нешто што преостанува за режимот во Куба да направи рамнотежа со своите цели и барањата од народот. Она што се случи во Венецуела очигледно е тест дали ќе опстане режимот во Куба“, аналитичарот Мигел Косио.

Во настаните во Венецуела, Куба изгуби 32 полковници, поручници, мајори и капетани, како и обични војници.

Сегашното обликување на американската политика кон Венецуела и Куба, во голема мера се опишува како дело на Марко Рубио, чии родители избегале од Куба од режимот на Фулгенсио Батиста непосредно пред Фидел Кастро да ја преземе власта.

Фиљана Кока