Здравство

Зголемен бројот на прегледи на детското одделени во битолската Клиничка болница

11.01.2026 18:24

Покачена телесна температура и до 40 степени, сува, интензивна и долготрајна кашлица се најчестите симптоми со кои доаѓаат деца на Детското одделение при Клиничка болница Битола, бројот на прегледи достигна и до 80-тина пациенти. Моментално хоспитализирани се 5 деца, а во дневна болница бројот се движи околу 10. Од Центарот за јавно здравје Битола, информираат дека бројот на пријавени лица со симптоми на грип е далеку помал од реалниот. Апелираат до матичните, редовно да ги пријавуваат ваквите случаи.

Јануарските студови насилно ги погодуваат најмладите. Ниските температури, променливото време и долгите денови поминати во затворени простории, го ослабуваат детскиот имунитет и создаваат услови за ширење на вирусите и инфекциите.

На детското одделение при битолската Клиничка болница, бројот на прегледи достигна и до 80-тина пациенти дневно, доминираат горнореспираторни вирусни инфекции, особено грипот. Моментално на одделението хоспитализирани се пет пациенти, а во дневната болница доаѓаат околу 10.

Вакцината против сезонски грип е еден од начините за да се спречи оваа болест, сметаат лекарите, но интересот за истата особено кај децата е доста мал

„На ниво на Центар за јавно здравје Битола, досега аплицирани се 8.251 вакцина, од нив 25 кај деца до 18 години. Додека пак пријавени лица со клиничка слика на грип во Битола изнесува 73, од нив 24 се деца на возраст од 0-4 години“, информираат од Центарот за јавно здравје.

Реалната бројка на заболени е повеќекратно повисока, сметаат надлежните. ЦЈЗ Битола располага и со брзи тестови за детекција на грип. Се апелира до матичните лекари, редовно да ги притајуваат ваквите случаи и истите да ги упатуваат на тестирање.

Александра Максимовска