Времето денеска облачно и студено
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Северен ветер се очекува да продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува стабилно, суво и многу студено време. Наместа утринската температура ќе се спушти и под-10 степени.
Во Скопје, денеска ќе променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од-1 до 3 степени.
