Македонија

Укината забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража

11.01.2026 10:45

Сите патни правци се проодни, а сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со кашест снег кој останува по интервенцијата на возилата на ЈП „Македонија пат“.

Од 08.20 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Како што информира, сите патни правци се проодни, а сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со кашест снег кој останува по интервенцијата на возилата на ЈП „Македонија пат“.

Снег со променлив интензитет провејува во североисточниот, западниот и југозападниот дел од земјава, но не претставува проблем за одвивање на сообраќајот во зимски услови. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.