Македонското знаме се развиори на Вол Стрит во чест на Денот на независноста
09.09.2014 10:01
Церемонијата се одржа на една од најпосетените и најатрактивни локации во Њујорк...

Во чест на Денот на независноста, македонското државно знаме беше подигнато на Вол Стрит.
Церемонијата се одржа на една од најпосетените и најатрактивни локации во Њујорк, споменикот на бикот во близина на берзата на Вол Стрит, пред поголем број Македонци, претставници на бизнис заедницата и општествениот живот во Њујорк, како и многубројни туристи од целиот свет.
Знамето свечено го подигнаа генералниот конзул на Република Македонија во Њујорк, Гоце Карајанов и амбасадорот на Република Македонија во Обединетите нации, Васко Андоновски.
