локални избори

ДИК: Гласањето се одвива непречено

11.01.2026 17:29

Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се гласа на 215 избирачки места, а со право на глас имаат над 128 илјади жители...

Граѓаните избираат градоначалник во четири општини на повторните локални избори. Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се гласа на 215 избирачки места, а со право на глас имаат над 128 илјади жители. Поради временските прилики, неколку места почнаа со задоцнување, а во гостиварско Ќафа воопшто не беше отворено. Излезноста до 15 часот е 18.18 проценти.

Ирина Гелевска е во Државната изборна комисија.