ЕУ ги усвои санкциите против Русија, но ја одложи нивната примена
Земјите од Европската унија формално ги усвоија новите санкции против Русија. Сепак, мерките нема да стапат во сила денеска, туку во наредните денови. Претходно Брисел ја одложи процедурата за да можат амбасадорите на Унијата да одржат состанок за темата.
„Услов е Русија да ги повлече оружјето и војниците од Украина за да може легитимната украинска влада да ја развива својата политика за целата земја“, вели Елмар Брок, претседавач со Комитетот за надворешни работи на ЕП.

Русија повеќе пати негираше дека испраќала војска во Украина. Рестрикциите, ако бидат усвоени, ќе вклучат забрана за кредитирање на повеќе руски државни нафтни компании.