Локални избори

Во Гостивар Ваљбон Лимани избран за градоначалник

12.01.2026 08:26

Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, е победник на повторените локални избори во општина Гостивар. Според првичните податоци, Лимани освоил 64,48 насто, додека неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата ВЛЕН добил 31,56 проценти од гласовите...

Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, е победник на повторените локални избори во општина Гостивар. Според првичните податоци, Лимани освоил 64,48 насто, додека неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата ВЛЕН добил 31,56 проценти од гласовите. Во Маврово и Ростуше победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакупоски, додека во општина Врапчиште нов мандат доби кандидатот на коалицијата на ДУИ, Исен Шабани.

Во општина Центар Жупа, за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, кој беше и единствен кандидат на изборите во оваа општина.