сдсм

СДСМ: Опозицијата освои двојно повеќе гласови

12.01.2026 08:32

Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и со притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии-стои во соопштението...

Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, реакција на социјалдемократите, по прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и со притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии-стои во соопштението.

Според социјалдемократите, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загубила на повторените избори, и тоа убедливо.